„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Падот на Челси

Преголемиот број на повредени играчи во прегустиот распоред донесе огромни проблеми за Челси кој вчера доживеа нов кикс на „Стемфорд Бриџ“ каде Дани Велбек и Брајтон во 91. минута му одземаа два бода на актуелниот шампион на Европа.

„Сините“ на Тухел полека ја губат битката за врвот на табелата, сега заостануваат осум бода зад Манчестер Сити, а статистиката вели дека Челси оваа сезона загуби 11 поени по водство што е еден бод повеќе отколку целата претходна сезона.

Се вчитува...