Реал Мадрид сигурно маршира кон титулата во Ла лига. Избраниците на Карло Анчелоти синоќа стигнаа до рутински триумф на гостувањето кај Мајорка со 0-3 и со тоа се зацврстија на врвот во шпанскиот шампионат.
Натпреварот го отвори Вини Жуниор во 55. минута на асистенција на Карим Бензема, а токму Французинот со два гола ја запечати победата на „кралевите“. Првиот погодок во кој учествуваа двајцата фудбалери беше дури осми за овој тандем сезонава, што е најдобар скор во топ пет лигите во Европа. Зад нив е тандемот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц/Патрик Шик кои заедно учествуваа во вкупно седум гола на „фармацевтите“.
8 – Karim Benzema 🇫🇷 and Vinícius Júnior 🇧🇷 have now combined for eight goals in LaLiga this season, more than any other duo in the top five European leagues in 2021/22 (7, Florian Wirtz 🇩🇪 and Patrick Schick 🇨🇿 for Bayer Leverkusen in Bundesliga). Society. pic.twitter.com/5kjEUubvoo
— OptaJose (@OptaJose) March 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА