ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Црно и се пишува на Валенсија

Фудбалерите на Валенсија забележаа уште еден пораз во домашниот шампионат откако синоќа загубија на гостински терен од Хетафе со 1-0 во последниот натпревар од 22. рунда во шпанската Ла лига.

Валенсија во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на првенствената табела со само 20 освоени бода по 22 одиграни средби. Ова е најлош скор за Валенсија од сезоната 1982/1983 кога по ист број натпревари освои само 17 поени.

 

Се вчитува...