ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Вест Хем Јунајтед го има најлошиот старт на сезона по 52 години

Кастастрофалната сезона за Вест Хем Јунајтед продолжи и на отварањето на 9. коло во Премиерлигата, натпревар во кој „чекичарите“ забележаа пораз од Лидс кој го одбележа најлошиот старт на една сезона по 52 години.

Нуно Еспирито Санто не знае за победа на клупата на лондонскиот тим што дополнително ја продлабочи кризата. Вест Хем во моментот е на 19. место на табелата со само четири освоени бодови со една победа и едно реми и седум порази од кои три во низа.

Со овој неуспех Вест Хем го изедначи најлошиот старт на една сезона. „Чекичарите“ беа во иста позиција и во сезоните 1932/33 и 1973/74.

Се вчитува...