Францускиот напаѓач Оливие Жиру вечно ќе биде запомнет во историјата на францускиот фудбал откако на вчерашниот натпревар против Австрија влезе во одбрано друштво како трет репрезентативец кој запишал учество на седум големи шампионати.
Сега 37-годишниот во текот на долгата и богата кариера настапи на четири Европски првенства во 2012, 2016, 2021 и 2024 година, а зад себе има и настап на три Светски првенства во 2014, 2018 и 2022 година. Со тоа им се приклучи на легендарните Лилијан Турам и Хуго Лорис.
Со 57 постигнати голови на 134 настапи тој воедно е и најдобриот голгетер во историјата на француската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА