За малку трагедија во Романија: Тренер доживеа срцев удар на натпревар (ВИДЕО)

Тренерот на Динамо Букурешт, Еуген Нагое, доживеа срцев удар на теренот на мечот против Универзитатеа Крајова и веднаш е префрлен во болница каде се борат за неговиот живот. Медицинскиот тим на клубот успеал со дефибрилатор да го спаси Нагое, а потоа е пренесен во клиничкиот центар во Букурешт за понатамошно лекување.

Нагое доживеал срцев удар и колабирал по триесетина минути од натпреварот, откако навивачите барале негова оставка поради слабите резултати и игри на тимот. Тој пред само еден медец го презеде кормилото на Динамо Букурешт.

Се вчитува...