За МВП-то нема одмор: Јокиќ тренира како Роки (ВИДЕО)

Најкорискиот играч на претходната сезона во НБА лигата, Никола Јокиќ во полн интензитет се подготвува за престојната сезона во која Денвер ќе се обиде за прв пат во својата историја да стигне до шампионската титула.

Српскиот центар ова лето не беше дел од својата репрезентација и се одлучи краткиот период да го искористи за одмор од напорната сезона, а последното видео на Денвер на кое се гледа како Јокиќ тренира во стилот на Роки ги восхити навивачите на тимот од Колорадо.

Се вчитува...