За првпат во историјата, Македонија на мегдан со Германија на патот за СП 2022

Македонската репрезентација за првпат низ еден квалификациски циклус во својата независност ќе игра против една од најмоќните светски селекции, Германија.

Денешната ждрепка за квалификациските групи за СП 2022 во Катар, сакаше Македонија да се најде во последната квалификациска Група Ј заедно со репрезентациите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Првпат на мегдан против Германците, а со останатите веќе добро познати противници против кои сме се соочиле во минатото.

Со Романците имаме негативен скор, но може да се пофалиме со победи и против Исланд и против добро познатите Ерменци, и секако против Лихтенштајн.

Само првопласираните репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат плеј-оф. Натпреварите од првото коло се закажани за 24-25. март, а последното десетто коло на 14-16. ноември следната година.

 

 

Се вчитува...