За „вардарци“ само победа против Ренова… (13 ч.)

Во трката за бодовно доближување до водечката Шкендија, за „вардарци“ не останува ништо одруго освен атак на победа на денешниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига против Ренова во Тетово.

Во таборот на „црвено-црните“ веруваат дека може да дојдат до трите бода, иако ги очекува традиционално повеќе од незгоден противник кој сега дополнително мотивиран, исто така, ги посакува бодови. Поранешниот фудбалер на Ренова, репрезентативецот Висар Муслиу, како и да е, верува дека во Тетово може да се дојде до посакуваниот триумф.

„Нè очекува тежок натпревар. Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба. Верувам дека секој кој ќе излезе на терен ќе даде се од себе за да дојдеме до трите бодови кои ни се потребни во борбата за првата позиција на табелата“ – вели Муслиу во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

ДВОЈКИ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: СКОПЈЕ – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...