Забележете ги датумите – Најважните спортски настани во 2021 година

Се надеваме дека 2021 година ќе биде далеку подобра од претходната и дека како и животот така и спортските настани ќе се вратат во нормала. Минатата година донесе одложување на Европското првенство во фудбал, како и Летните олимписки игри, што значи дека годинава ќе бидеме сведоци на две големи спортски смотри.

Најважната за нас нормално дебитантскиот настап на А-тимот на Европското првенство. Шампионатот почнува на 11. јуни, а историскиот прв меч на големите натпреварувања „црвено-жолтите“ ќе го имаат на 13. јуни против Австрија во Букурешт. Четири дена подоцна во истиот град играме против Украина, за групната фаза да ја завршиме на 21. јуни против Холандија во Амстердам.

ЛОИ во Токио се закажани за периодот од 23. јули до 8. октомври, а за издвојување се и Копа Америка, Летната универзијада, како и светските првенства за мажи и жени во ракомет.

ЈАНУАРИ 

3-15 Рели Дакар

14-31 Светско првенство ракомет мажи (Египет)

30. Финале Копа Либертадорес (Рио де Жанеиро)

ФЕВРУАРИ 

1-11 Светско клупско фудбалско првенство (Катар)

7. Супербоул (Тампа Беј)

8-21 Австралија опен (Мелбурн)

9-21 Светско првенство во алпско скијање (Кортина Д’ампецо)

9-21 Светско првенство во бијатлон (Поклјука)

24.2-7.3 Светско првенство во нордиски спортови (Оберсдорф)

МАРТ 

4-7 Европско атлетско првенство во сала (Торун)

19-21 Светско атлетско првенство во сала (Нанџинг)

21. Големата награда на Мелбурн старт на Ф1 шампионатот

АПРИЛ 

13-18 Финале на тенискиот ФЕД куп (Будимпешта)

МАЈ 

8-30 Џиро Д’Италија (Италија)

10-23 Европско првенство во водени спортови (Будимпешта)

19-23 Европско првенство карате (Пореч)

21.5-6.6 Светско првенство во хокеј на мраз (Летонија, Белорусија)

23.5.-6.6 Ролан Гарос (Париз)

26. Финале Лига на Европа (Гдањск)

29. Финале Лига на шампиони (Истанбул)

ЈУНИ 

11.6-11.7 Европско првенство во фудбал (12 земји)

13. јуни МАКЕДОНИЈА – Австрија (Букурешт)

17. јуни МАКЕДОНИЈА – Украина (Букурешт)

21. јуни МАКЕДОНИЈА – Холандија (Амстердам)

11.6-11.7 Копа Америка (Аргентина, Колумбија)

26.6-18.7 Тур де Франс (Франција)

28.6-11.7 Вимблдон (Лондон)

ЈУЛИ 

23.7-8.8 Летни олимписки игри (Токио)

АВГУСТ 

14.8-5.9 Вуелта (Шпанија)

18-29 Летна универзијада (Ченгду)

24.8-5.9 Параолимписки игри (Токио)

30.08-12.9 УС опен (Њујорк)

СЕПТЕМВРИ 

12.09-3.10 Светско првенство во футсал (Литванија)

ОКТОМВРИ 

03. Виз Ер скопски маратон (Скопје)

НОЕМВРИ 

14-21 АТП финале (Торино)

16-21 Светско првенство во карате (Дубаи)

22-28 Финале Дејвис куп (Мадрид)

ДЕКЕМВРИ 

2-19 Светско првенство ракомет жени (Шпанија)

11-21 Зимска универзијада (Луцерн)

Се вчитува...