Легендарниот Шекил О’Нил за време на својата професионална кариера често беше незапирлив за противниците. Во најдобрите свои денови во дресот на ЛА Лејкерс апсолутно никој не можеше да се носи со Шек, а кариерата ја заврши во 2011 година.
Една година порано Шекил се впушти и во еден специфичен проект, почнувајќи со забавна емисија во која се натпреваруваше со лица од други спортови. Се најде на мегдан со голем број познати имиња од светот на спортот.
Па се проба и во боксот против легендарниот шампион Шејн Мосли, борба во која на крајот триумфираше Мосли. Иако Шекил имаше огромна предност во висината (216 см. – 175 см.) и во тежината (150 кг. – 70 кг.), Мосли на крајот славеше. Шек, во секој случај, и покрај поразот покажа дека има „жичка“ и за бокс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА