Заборавениот Србин се враќа во Премиерлигата?

Марко Грујиќ ова лето може да се врати во Премиерлигата каде за неговиот ангажман интерес има од Фулам. Српскиот репрезентативец не успеа да се наметне во дресот на Ливерпил па кариерата ја продолжи во Порто каде ја врати претпознатливата форма.

Играчот од средниот ред ја освои титулата во португалското првенство, а и покрај тоа што е во долгорочните планови на „сино-белите“ доколку дојде примамлива понуда, Португалците ќе ја прифатат, пренесуваат тамошните медиуми.

Според првичните информации повратникот во Премиерлигата за Србинот нуди 18 милиони евра, но истата е прениска за реализација на трансферот.

Се вчитува...