Ерлинг Халанд, Хвича Хварацкелија, Луис Дијаз, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Витиња… се само еден дел од најдобрите играчи во моментов во Светот.
Меѓутоа за Пеп Гвардиола нема место за ниту еден од овие кога станува збор за најдобриот фудбалер на светот. Шпанецот има изразит фаворит, кој преставува изненадување за сите.
„За мене најдобриот играч во моментов е Мајкл Олисе. Неговите настапи од меч во меч, статистиката… тој е комплетен играч, на врвно ниво и покрај тоа што е млад“, изјави Гвардиола.
Сепак, потоа се осврна и на играчите на Реал Мадрид како и на Ламин Јамал.
„Реал има добри играчи, но не гледам врвни настапи од нив во континуитет. Јамал е многу добар, но во последно време не гледам негови големи, доминантни настапи“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
