Забраната останува: Без публика на кошаркарските средби и овој викенд

Кошаркарските натпревари на македонската спортска сцена и викендов ќе се играат без присуство на навивачи, откако раководството на КФСМ повторно ја послуша препораката од Владата на РСМ, како дел од заштитните мерки од ширење на коронавирусот.

„По обновената препорака од Владата на РСМ до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 13. март 2020 година да се играат без присуство на публика, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата и понатаму да се одиграат без присуство на публика“, се вли во соопштението на КФСМ.

Викендов на програмата се натпреварите од 17. коло од Првата лига, во кои се среќаваат ФМП – Кожув, Работнички – Вардар, Куманово – Гостивар, МЗТ Скопје – Еуроникел, Пелистер – МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...