Заха станува „милионер“?

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд планира да го засили навалниот ред со Вилфрид Заха од Кристал Палас. Поранешниот член на Манчестер Јунајтед треба да биде замена за Кристијан Пулишиќ кој на лето ги напушта „милионерите“ со оглед дека веќе има потпишано договор со Челси.

Раководството на Борусија Дортмунд подготвува 50 милиони евра за ангажман на Заха, понуда која треба да биде доволна за Кристал Палас да го одобри трансферот. Во опција кај тренерот Лусијан Фавр е и Торган Азар, крилниот играч на Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...