Захариевски: Имаме проблем со повредени, но одиме на позитивен резултат во Кратово

Силекс против Струга ТЛ денеска од 13 часот во Кратово, во 16. коло од ПМФЛ, посакува продолжување на позитивната серија од претходните три кола.

Но, оптимистички се расположени и во таборот на стружани од каде најавуваат атак на позитивен резултат.

„Претходниот натпревар со Академија Пандев го одигравме без стандардни 7-8 првотимци. Фудбалерите дадоа максимум. Имавме иницијатива и поведовме, но евро-голот на Стоилов ни ја одзеде заслужената победа. Резултатите не се загрижувачки, колку што е здравствениот билтен. Добро е што дел од повредените фудбалери се враќаат за дуелот со Силекс па може да ветиме дека ќе атакуваме на позитивен резултат“ – вели тренерот Срѓан Захариевски.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА

Се вчитува...