Захариевски: Дали некој денеска имаше нешто против Струга ТЛ!?

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски е разочаран од ремито на неговата екипа против Вардар, пред се поради начинот на кој најтрофејниот македонски клуб дојде до бодот покрај Охридското езеро со среќен гол во последните секунди од мечот.

Захариевски, сепак, истакнува дека апсолутно и судењето влијаело околу конечниот исход затоа што е сигурен дека немало прекршок за слободен удар по кој Блажевски постигна среќен гол во 95. минута за 2-2.

„Многу тежок натпревар. Вардар иако се наоѓа во една деликатна ситуација не го потценавме. Во првиот дел се до нивниот пенал игравме според договореното. Не сакам сега да ја коментирам одлуката за пенал бидејќи сакам да ја погледнам снимката. Но, за прекршокот од кој го примивме вториот гол гарантирам дека не беше. Не сакам да помислам, но морам да прашам дали некој имаше нешто против Струга Трим Лум и нашата екипа. Се насобраа многу ситуации кои се дискутабилни и против нас, па сето тоа не доведува до ситуација добро да се замислиме“ – изјави по натпреварот Срѓан Захариевски за ЕКИПА.

Се вчитува...