Захариевски: Покажавме зрелост и стигнавме до победа

Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски е задоволен од победата над Брегалница во Штип. Тој рече дека неговиот тим освоил важни три бода над добра екипа.

Според Захариевски, неговиот тим се покажал позрел, и на крајот со еден гол стигна до триумфот.

„Еден тежок натпревар, секако дека сум задоволен од трите бода, посебно освоени над една добра екипа како што е Брегалница. Можам да кажам дека беше еден возбудлив натпревар, каде шанси имаа и двете екипи, но ние се покажавме позрели и на крај постигнавме гол со кои стигнавме до победата”, изјави Захариевски.

Се вчитува...