Захариевски: Прекрасно е кога ќе победиш со „мајсторски гол“ како тој на Цаке

Струга Трим и Лум славеше минимално со 1-0 против Работнички во натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол за стружани беше Цаке кој го постигна најубавиот гол сезонава во ПМФЛ.

Тренерот на Струга, Срѓан Захариевски по мечот вели дека е задоволен од победата која дошла по гол кој ретко се гледа во Македонија.

„Одигравме еден добар натпревар во кој победата ја посакувавме од првата минута и дојде на најдобар начин, со гол кој ретко се гледа на нашите фудбалски терени. Но ова е веќе зад нас, и сега се фокусираме на куп натпреварот со Шкендија“, изјави Захариевски.

Се вчитува...