Захов: Потребна ни е константност на секој меч, против Работнички максимално сериозно

Шкендија денеска од 14:30 часот против Работнички во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига, во обид за повторно враќање на лидерската позиција на табелата.

Костадин Захов вели дека трите бода се императив за тетовскиот прволигаш во трката за титулата.

„Во оваа фаза од шампионатот потребна ни е константност, бидејќи секој освоен бод и одвојување од ривалите ќе биде од клучна важнст за конечниот исход на табелата на крајот од сезоната. Шкупи е сериозен конкурент за врвот и затоа мора на секој натпревар да одиме максимално посветено“ – вели Захов и дополнува:

„Убедливата победа против Вардар и пласманот во четвртфиналето од Купот на Македонија ни го дава планираниот напредок и сега мора да продолжиме со победите. Секој натпревар е нова приказна и бара максимална посветеност. Работнички е незгоден противник и ние многу сериозно го сфаќаме ова соочување, бидејќи сакаме да бидеме на потребното ниво и да освоиме нови три бода“.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Струмица: БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

ВЧЕРА

ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0

Се вчитува...