Зајон доби тренер почетник (ФОТО)

Младиот стретег од Мичиген, Вили Грин се врати на местото каде што помина една сезона како играч и официјално е нов стратег на Њу Орлеанс Пеликанс каде ќе го наследи Стен ван Ганди и талентираната екипа со Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм и Лонзо Бол.

Триесетидевет годишникот во Луизијана пристига од редовите на Феникс Санс каде ги помина последните две години како помошен тренер, а оваа функција претходно ја вршеше во редовите на Голден Стејт од 2016 до 2019 година. За Грин ова ќе биде првиот ангажман како прв тренер на тим.

Се вчитува...