Зајон Вилијамсон го пропушта стартот на новата сезона во НБА

Првата ѕвезда на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на новата сезона во НБА лигата поради повреда на стапалото која во текот на меѓусезоната го натера да биде подложен на оперативен зафат.

Како што пренесуваат од „франшизата“ опоравувањето оди во добра насока, но крилниот центар ќе мора да паузира барем уште две до две и пол недели кога ќе замине на нови прегледи.

„Цел на сите нас е Зајон што побезбедно да се врати на теренот. Сигурно нема да биде на теренот во првите две недели од новата сезона“, изјави потпретседателот за кошаркарски операции на тимот, Дејвид Грифин. 

Се вчитува...