Закана од Црвена Звезда: Нов натпревар или крај на АБА!

Раководството на Црвена Звезда преку соопштение до јавноста реагираше на изречената одлука на челниците на АБА-лигата, кои го регистрираа неодиграниот меч во Подгорица со службена победа на Будуќност. „Црвено-белите“ се казнети со 20.000 евра и со одземање на еден бод, што беше доволен повод за закана – казната да се поништи или ќе дојде до крај на АБА-лигата.

Бранителот на трофејот уште еднаш повтори дека причините за недоаѓањето во Подгорица лежат во затегнатите политички односи меѓу двете земји, за потоа да додадат: „Затоа очекуваме итна одлука на претседателството на АБА, за одигрување нова средба без никаква казна. Се останато – ќе значи крај на АБА-лигата“.

Јасно е дека првите луѓе на регионалното натпреварување се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи менување на одлуката ќе значи закана за отстапување од Будуќност.

Останува да се види како ќе се одвива ситуацијата во следните денови и дали навистина оваа сезона ќе биде последна од постоењето на АБА-лигата.

Се вчитува...