Залет за ЕП: Првиот чекор е многу важен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со пристигнувањето на Столе Димитриевски се комплетираше националниот тим во пресрет на почетокот на квалификациите за ЕП 2020. В четврток на арената „Филип Втори“ гостува Летонија, а македонските фудбалери фаќаат залет за успешен старт. Првиот чекор е многу важен, а Летонците и не се противник што треба да ги исплаши.

Утринскиот тренинг „црвено-жолтите“ го одработија со засилено темпо, а попладне ќе се работи и на техничко-тактички план.

 

Се вчитува...