Залудна одличната партија на Дончиќ – Далас ја продолжи својата агонија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас Маверикс не само што не се конкуренти за освојување на титулата по доаѓањето на Кајри Ирвинг, туку најверојатно ќе останат и без плеј-оф сезонава откако го запишаа и четвртиот пораз во низа.

Вечерва подобар од тимот од Тексас беше веќе отпишаниот Шарлот Хорнетс од кој се откажа и Мајкл Џордан, кој на домашен терен славеше со 110-104. Залудни за Далас беа 40 поени на Лука Дончиќ, додека кај победникот 22 постигна Гордон Хејворд.

Се вчитува...