Залудна победата против Естонија – Македонија патот до Светското првенство ќе го бара преку нови претквалификации

Македонската кошаркарска репрезентација ќе мора да помине низ нов циклус на претквалификации откако заврши на последното место на табелата во групата „Б“ на квалификациите за Евробаскет 2022.

Најдоброто од Македонија ќе мора да игра во втората фаза од претквалификациите за Светското Првенство кое ќе се одржи во 2023 заедно со останатите „фенерџии“ од овие квалификациски групи, Летонија, Црна Гора, Австрија, Романија, Швајцарија и Шведска, како и поразениот од денешната средба помеѓу Литванија и Данска. Покрај нив „црвено-жолтите“ за протиник ќе имаат и некоја од репрезентациите кои ја поминаа првата фаза од претквалификациите, Исланд, Словачка, Португалија и Белорусија.

Дванаесетте репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по три селекции, каде ќе се игра во форматот „дома-гости“, а место во квалификациите за СП 2023 ќе обезбедат првите две пласирани репрезентации. Првиот од овие натпревари би требало да биде одигран во вториот дел од оваа година.

Се вчитува...