Залудни 46 поени на Ембид, Голден Стејт со пресврт до триумф (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт триумфираа над Филаделфија со 120-112, и покрај вонсериската партија на Џоел Ембид кој уфрли 46 поени. Вориорс запишаа главна победа која ги одржува на позицијата број 6. со која избегнуваат доигрување за пласман во плеј-оот.

Филаделфија водеше во првата чевртина, откако на Голден Стејт не им одеше шутот за три поени каде од 13 обиди, уфрлија само три. Во втората чевртина домаќинот возврати и на пауза замина со два поени предност. После полувремето гостите повторно доминираа и во последната чевртина влегоа со позитива од седум играчи. Во завршниот период, Стив Кари ја презеде одговорноста, и во мирна игра лесно ја стигнаа негативата, а потоа го свртеа мечот во своја корист и на крајот триумфираа. Во екипата на Голден Стејт, Пул уфрли 33 поени.

Мемфис ја совладаа екипата на Хјустон со 151-114 и им го нанесе најубедливиот поразз оваа сезона. Со оваа победа, Мемфис и дефинитивно обезбеди место во плеј-офот.

Домашните домин ираа во ткеот на целиот меч, а до полувремето имаа предност од 31 поен. Хјустон успеа некако да ја консолидира одбраната во вториот дел, но на крајот загубија со 37 поени разлика. Лук Кенард го заврши мечот со 30 поени.


НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Индијана 120:95
Вашингтон – Сан Антонио 136:124
Торонто – Детроит 118:97
Мемфис – Хјустон 151:114
Далас – Шарлот  109:117
Јута – Милвоки 116:144
Голден Стејт – Филаделфија 120:112
Портланд – Чикаго 96:124
Сакраменто – Феникс 135:127
Лејкерси – Оклахома 116:111

Се вчитува...