Замената на Ромеро во Аталанта доаѓа од Јувентус

Аталанта ќе заврши фантастична работа со продажбата на Кристијан Ромеро во Тотенхем за 55 милиони евра, двојно повисока сума од онаа што беше платена на Јувентус за да се доведе аргентинскиот дефанзивец во Бергамо.

Трансферот на Ромеро е веќе целосно договорен, а новиот командант на одбраната на Аталанта повторно ќе пристигне од Јувентус. Станува збор за турскиот репрезентативец Демирал, кој стана прекуброен во одбраната на Јуве со доаѓањето на Алегри на тренерската функција. Алегри верува на искусните Бонучи и Кјелини, тука е и Де Лихт, па токму затоа беше дадено зелено светло за заминувањето на Турчинот.

Демирал ќе се пресели во Аталанта на едногодишна позајмица, а тимот од Бергамо ќе има можност следното лето да го откупи целосно неговиот договор со „старата дама“. Сериозен интерес за Демирал во изминатиот период покажа и Борусија Дортмунд, но пресудна се покажа желбата на самиот фудбалер да остане во Калчо-лигата.

Се вчитува...