Замената за Мекалистер во Брајтон доаѓа од Борусија Дортмунд

Брајтон е еден од најактивните фудбалери на пазарот на почетокот од овој преоден рок откако успешно го финишираше и третиот трансфер за наредната сезона. Откако беше продаден Мекалистер во Ливерпул, Брајтон успеа да доведе замена за аргентинскиот репрезентативец носејќи го во својот табор Махмуд Дахуд од редовите на Борусија Дортмунд.

Дахуд пристигнува во Премиер-лигата како слободен играч, откако му истече договорот со „милионерите“. Тој дојде во Дортмунд од Борусија Менхенгладбах, неколку сезони беше незаменлив во средниот ред на оваа екипа, но годинава го загуби првотимскиот статус и најчесто беше на клупата за резерви кај тренерот Терзиќ.

„Пресреќен сум што конечно го имаме Махмуд во мојот тим. Го барав и додека бев во Сасуоло, убеден сум во неговите квалитети и не се сомневам дека ќе биде големо засилување за нашата екипа“, изјави тренерот Роберто де Зерби.

Дахуд е третото засилување на Брајтон од почетокот на преодниот рок, откако веќе беа потпишани договори и со ветеранот Џејмс Милнер од Ливерпул и со Жоао Педро од Ватфорд, напаѓачот што пристигна за 32 милиони фунти.

Се вчитува...