Замената за Жоао Феликс во Атлетико доаѓа од Барселона?

Атлетико Мадрид зимава распродава напаѓачи, Куња се пресели во Вулверхемптон, додека Жоао Феликс ќе замине на позајмица во Челси.

Планот на управата е до крајот на овој месец на „Ванда Метрополитано“ да пристигне еден голгетер, а на врвот на листата со желби се наоѓа Мемфис Депај од Барселона. Холандскиот фудбалер не е првотимец кај Чави, во текот на летото Барса не успеа да се ослободи од него, а Лапорта едвај чека да најде купец и да ослободи дел од буџетот за плати за да може да доведе нови засилувања на „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми тврдат дека самиот фудбалер е заинтересиран за преселбата, откако Диего Симеоне му ветил поголема минутажа од онаа што ја има моментно во Барса. Сепак, останува да се види дали клубовите ќе најдат заеднички јазик, откако по долги преговори конечно се договорија за Атлетико целосно да го откупи договорот на Антоан Гризман.

Се вчитува...