Замина од Далас поради Лука Дончиќ!

Еден од директорите на Далас Маверикс, Харалабос Вулгарис не го продолжи договорот со франшизата од Тексас. Како што пренесуваат американските медиуми зад оваа одлука стои несогласувањето со првата ѕвезда на екипата, Лука Дончиќ.

Вулгарис кој по професија е професинален коцкар, сакаше и претходно да замине, но сепак остана до крајот на својот договор. Тој стигна во Далас во 2018 година. Имаше големо влијание на франшизата, меѓутоа немаше добар однос со Дончиќ.

Лука е кошаркар околу кој тимот ја гради иднината, па затоа неговиот збор се слуша и почитува.

Се вчитува...