Заниоло од јуни доаѓа на „Алијанц арена“?

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучи во трката за младиот играч за врска на Рома, Николо Заниоло. Тој по доаѓањето од Интер блесна во полн сјај во дресот на „волчицата“ и го привлече интересот на најголемите европски клубови. Јувентус е прв во редот, но Заниоло е на листата на желби и на Манчестер Сити, Реал Мадрид и на Челси.

Тренерот Нико Ковач сака да го подмлади тимот за наредната сезона, а Николо Заниоло е еден од приоритетите во пресрет на летниот преоден рок. Баерн Минхен е подготвен да плати 50 милиони евра за него и да го доведе на „Алијанц арена“.

Италијанскиот суперталент досега изјавуваше дека сака да остане во Рим, но доколку добие примамлива понуда сигурно добро ќе размисли дали да го промени својот став.

Се вчитува...