Запакоста на позајмица во Интер?

Италијанскиот интернационалец Давиде Запакоста би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“ и да се врати на „чизмата“  во јануарскиот преоден рок. За него интерес појавува Интер, а тој досега не доби шанса за настап под раководство на Маурицио Сари. Тоа најверојатно е најава дека ќе има лимитирана минутажа во претстојната сезона во дресот на Челси.

„Знам за интересот на Интер, ја добив информацијата од мојот агент Алесандро Лучи. Имам уште три години од договорот со Челси, а секако сакам и да играм. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Запакоста.

Најреално е Запакоста да пристигне во Интер како позајмен играч во јануари, со можност потоа двата клуба да преговараат за перманентен трансфер.

Се вчитува...