Започна АБА циркузот: Ц. Звезда не гарантира безбедност за судиите, им се закани и со кривична пријава

Долгоочекуваното финале на АБА лигата во кое силите ќе си ги одмерат евролигашите Црвена Звезда и Партизан официјално започнува денеска од 20 часот и 30 минути во салата „Александар Николиќ“, но двата големи ривали веќе го започнаа „надмудрувањето“ преку административен пат.

Српските медиуми дојдоа до документ испратен од страна на раководството на Црвена Звезда до комесарот за судење на АБА лигата, Срџан Дожаи во кој веќе е поставено прашањето за доследноста на судиите, но и истите се опоменати дека нема да бидат сигурни во самата сала и дека ќе бидат кривично гонети доколку не судат праведно.

„Отворено сме загрижени дека со овој избор однапред имате подготвено сценарио за празнење на салата и насилство со делегирање на судии кои со зборови и дела покажуваат нетрпеливост кон КК Црвена Звезда.

Бидејќи јасно се гледа намерата и идентичното сценарио од претходните години, вкучувајќи го и соопштението на КК Партизан за гаранциите за безбедност и напуштање на салата, кое КК Црвена Завезда преку својата организација неколку пати избегнуваше тешки последици и нереди, сега, во оваа прилика мораме и да Ве предупредиме со правни и други последици кои Ве очекуваат во случај да дојде до тоа…

Доколку КК Црвена Звезда не добие рамноправен третман кај судиите во престојното финале кои ги делегиравте без никакви казнени политики за големите грешки во полуфиналето, за сите случувања во првите два натпревари од финалето сметаме дека превземавте цело одговорност за судењето и сите последици од него“, стои во дел од соопштението на КК Црвена Звезда.

Белградскиот клуб притоа пишува дека нема да им биде гарантирана безбедност на делителите на правдата доколку истата не е рамномерна.

„Затоа доколку судиите „грешат“ како во петокот, или како на натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда претходната сезона со идентични намери и „случајни грешки“ (таргетирање на најдобрите играчи преку лични грешки, исклучувања…), КК Црвена Звезда не можа да гарантира безбедност“

Се вчитува...