Започнува патишествието до Келн: „Кралот“ под опсада, Италијанец против Италијанци

Најсилното кошаркарско натпреварување во Европa се враќа во етерот денеска со два четвртфинални дуели со кои ќе започне патот до „фајнл-фор“ тунирот кој оваа година ќе се одржи во Келн.

Првиот меч денеска е со почеток од 19 часот во кој Анадолу Ефес (3) ќе се обиде да направи „брејк“ на стартот на разигрувањето против Реал Мадрид (6). Турскиот состав на крилјата на Ларкин и Мициќ игра одлична кошарка, тимската хемија преовладува во составот од Истанбул, па составот на Атман бележи фантастични резултати. Ефес има блага фаворитска улога со оглед на заминувањата на главните играчи, Дек и Кампацо, но никоаш не смеете да го отпишете „Кралот“.

Оваа генерација на Реал Мадрид освои се што можеше да се освои, кошаркарите на Пабло Ласо „дишат знаедно“, а и играат за големи натпревари. Љуљ, Родригез, Таварес, Тејлор и „компанијата“ го немаат кажано последниот збор, тоа го видовме и на мечот против Барселона во шпанското „Ел Класико“, па сите карти се отворени.

Денешната програма продолжува со мечот помеѓу Милано (4) и Баерн Минхен (5) од 20 часот и 45 минути, меч кој ќе биде вистинско уживање за сите вистински љубители на кошарката. Еторе Месина против Андреја Тинкиери, маестро против маестро, Италијанец против Италијанци. Кај овие два стратега преовладува тимската кошарка, ретко се издвојува поединец па ќе биде навистина интересно да го проследиме надмудрувачкиот двобој.

Кога станува збор за надминување на сите очекувања овие клубови го имаат тој примат, но само еден од нив ќе ја продолжи својата евролигашка бајка.

Воздудувањата продолжуваат утре со натпреварите помеѓу ЦСКА Москва (2) и Фенербахче (7), како и Барселона (1) и Зенит (8).

Московскиот состав има турболентна сезона која ја одбележаа повредите, но се чини дека избраниците на Итудис ги надминаа сите проблеми. ЦСКА регуларниот дел од сезоната го заврши со серија од шест триумфи во низа, но сепак не смее да се отпише Фенербахче. Тимот кој „владееше“ со Евролигата под водство на Обрадовиќ ја игра првата сезона под палката на Кокошков, а со доаѓањето на Гудуриќ доби комплетно нов изглед и од речиси „невозможна“ ситуација го најде своето место меѓу најдобрите осум во Европа.

Барселона полека се враќа во претпознатливото светло, а оваа сезона е фаворит број еден за освојување на Евролигата. Избраниците на Јасикевичиус преовладуваа оваа сезона, ретко кога покажуваа слабости, а и брзо успеваа истите да ги надминат, па се целосен фаворит против рускиот состав.

Се вчитува...