Заради расизам, три меча суспензија за Кавани

Фудбалската асоцијација (ФА) го обвини Единсон Кавани за „дискриминаторски и расистички говор“, поради што фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе биде суспендиран на минимум три натпревари.

Единсон Кавани е обвинет за лошо однесување и кршење на фудбалските правила, заради ширење расисам на социјалните мрежи во четвртокот, 29 ноември.

Потсетуваме, Уругваецот, по победата над Саутемптон (3: 2), на својот Инстаграм се обрати со зборовите „gracias negrito“ упатена на пријател, што во превод од шпански значи благодарам, црнец“.

Како што е објаснето од клубот, 32-годишникот ја употребил фразата во „афект“. Се додава дека овие зборови имаат сосема поинакво значење во Уругвај. Кога на Кавани му беше објаснето како тие зборови можат да се толкуваат, тој ја избришал објавата од Инстаграм. Подоцна се извинил.

Се вчитува...