Зарем ова не е за црвен картон? Се гледаше и ВАР, ама судијата одлучи да не даде ниту жолт!

Интересна ситуација на вчерашниот меч на „Гудисон“ меѓу Евертон и Арсенал, кој го доби домашниот тим со 2-1 со пресврт во финишот од дуелот. Меѓутоа ситуацијата можеше да биде поинаква, доколку Гофри од Евертон добиеше црвен картон, затоа што го нагази Томијасу од Арсенал. Стартот се чини со копачка во глава не беше намерен, но интересно е што Мајк Дин и после прегледување на ВАР снимката не реагираше ниту со жолт картон?! Стартот може да го видите на следниот ЛИНК. 

Тоа ги разбесни навивачите на Арсенал и самите фудбалери, па дури и менаџерот Микел Артета. Залудно, тоа за Дин не беше за санкционирање, иако стартот беше брутален.

На крајот Арсенал поведе со голот на Одегард, а во финишот Ричарлисон и Греј донесоа победа за „сините“ од Ливерпул.

Се вчитува...