Пелистер обезбеди уште едно засилување во пресрет на клучниот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат, потпишувајќи договор со Никола Силаџи.
Станува збор за кошаркар висок 205 сантиметри кој треба да помогне во борбата под обрачите. Тој е добро познат во македонската кошаркарска јавност бидејќи со успех настапуваше за Кожув и за Гостивар, а вториот дел од сезоната 2020/21 веќе ги бранеше и боите на Пелистер.
Тој го мина првиот дел од сезонава во српскиот шампионат, но ја прифати понудата за камбек меѓу битолчани и ќе му биде на располагање на тренерот Илиевски за борбата за што повисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА