Заслужено: Барди е МВП на натпреварот Еспањол – Леванте

Енис Барди го предводеше Леванте до голема победа на гостувањето против Еспањол, а за извонредното издание на мечот во Барселона македонскиот репрезентативец сосема заслужено го доби и МВП признанието за најдобар поединец на натпреварот.

Барди одигра беспрекорно, имаше одлична шанса во првото полувреме по која домашниот голман едвај го запре неговиот удар, но затоа Барди ја доби битката со Лопез во 66. минута, кога извонредната соло-акција ја круниса со прекрасен погодок.

Еспањол во изминатиот период покажа интерес да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови, а Барди со изданието на денешниот натпревар само дополнително си ја крена цената на фудбалската берза.

Се вчитува...