Заслужено: Димарко е МВП на сезоната во Италија

Федерико Димарко е главниот лауреат на наградите з анајдобрите во сезоната во италијанската Серија А што беа доделени во текот на вчерашниот ден.

Левиот бек одигра сезона за паметење во дресот на Интер, постигнувајќи шест гола и дури 18 асистенции, бројка што е нов рекорд за број на успешни додавања за гол во историјата на елитното италијанско фудбалско друштво.

Доминацијата на Интер во овие награди ја комплетираа Лаутаро Мартинез како најдобар напаѓач и Кристијан Киву како тренер на годината во Калчо–лигата.

Од останатите натпревари, Миле Свилар од Рома е голман на сезоната, Палестра од Калјари е избран за најдобар дефанзивец, а Нико Паз од Комо за најдобар играч за врска.

Наградата за ѕвезда во подем заврши во рацете на Кенан Јилдиз од Јувентус.

Се вчитува...