ЗАСЛУЖЕНО: Нголо Канте – играч на сезоната во Англија

Нголо Канте е изборот на професионалните фудбалери ширум Англија за „Најдобар играч за сезоната 2016/2017“, награда што на членот на Челси му беше врачена за време на вечерашната гала вечера. Откако минатата сезона со Лестер стигна до титулата, тој е на добар пат успехот да го повтори и во дресот на Челси. Токму Канте е најзаслужниот што лондонскиот клуб по ланската очајна сезона сега е првопласиран на табелата, па големиот борец сосема заслужено стигна до големата награда пред Азар, Кејн, Лукаку, Ибрахимовиќ и пред Алексис Санчез.

Да бидеш избран од страна на свои колеги, фудбалери, тоа многу ми значи. Ова се две неверојатни сезони за мене, но да ја добијам наградата за играч на сезоната, тоа е огромна чест. Благодарност до сите“ – истакна Канте.

Асот на Тотенхем, Деле Али, втора година по ред е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер, по одличните игри на англискиот репрезентативец за „спарси“ во текот на целата сезона.

Се вчитува...