Заслужено: Никола Јокиќ еден од кандидатите за МВП!

Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Стеф Кари се номинираните за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, додека наградата за најдобар руки на годината ќе им припадна на Лабело Бол, Ентони Едвардс или Тајриз Халибартон.

Српскиот интернационалец одигра одлична сезона во која го предводеше Денвер до третата позиција на Западот со просек од 26.4 поени, 10.8 скока и 8.3 асистенции. Јокиќ е единствениот од кандидатите за МВП кој ги одигра сите 72 натпревари во сезоната.

Центарот на Филаделфија забележа просек од 38.5 поени, 10.6 скока и 2.8 асистенции, додека бекот на Голден Стејт 32.0 поени. 5.5 скока и 5.8 асистенции во просек.

Најдобриот дефанзивец на годината ќе биде изберен помеѓу Руди Гоберт (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Бен Симонс (Филаделфија). Номинираните за изборот на играч со најголем напредок се Џереми Грант (Детроит), Мајкл Портер (Денвер) и Џулиус Рендл (Њујорк).

Во номинацијата за најдобар „шестти играч“ ќе бидат Џордан Кларксон (Јута), Џо Инглс (Јута) и Дерик Роуз (Њујорк), додека најдобриот тренер на регуларниот дел ќе биде избран помеѓу Квин Снајдер (Јута), Том Тибодо (Њујорк) и Минти Вилијамс (Феникс).

 

Се вчитува...