Заслужено: Родри е МВП на мундијалот, Симон најдобар голман

Шпанците очекувано по освоената титула ги собраа и индивидуалните награди што ФИФА традиционално ги доделува по секој светски шампионат.

МВП наградата за најкорисен играч на мундијалот заврши во рацете на  Родри, шпанскиот капитен одигра маестрален мундијал, беше вистински лидер на „црвената фурија“ од првиот до последниот натпревар и заслужено се закити со ова големо признание.

Наградата за најдобар голман заврши кај Унаи Симон, Шпанецот што стана прв чувар на мрежата во историјата што примил само еден гол за време на еден фудбалски мундијал.

Шпанците ја комплетираа колекцијата награди со Пау Кубарси, дефанзивец кој беше избран за најдобар млад фудбалер на овој шампионат.

Се вчитува...