Заслужено: Томовски е МВП на Македонија во Талин

Македонија славеше со преубедливи 17–36 на гостувањето против Естонија, а најзаслужен што предноста се зголеми во вториот дел беше Мартин Томовски.

Одличниот голман имаше фантастичен камбек во националниот тим, застанувајќи на голот по неколку минути игра во второто полувреме, по што собра фантастични 13 интервенции. Ако се знае дека Томовски прими само шест гола од влегувањето во игра и имаше 68,42% успешност, јасно е зошто тој апсолутно заслужено по мечот го доби и МВП признанието за најдобар поединец во македонскиот табор.

Томовски брани во одлична форма во дресот на Потсдам во Бундес-лигата, но тој летово ќе ги промени клупските бои бидејќи неговиот тим не успеа да се избори за опстанок во елитното германско ракометно друштво.

Се вчитува...