Застрашувачка ситуација во соблекувалната на Баерн: Хамес не знаел ни кој е, ни каде е!

Застрашувачка ситуација имало вчера во соблекувалната на Баерн Минхен на полувремето од мечот од 13. коло во Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах.

Баварците го загубија мечот со 2-1, а на полувремето имаа негатива од 2-0…, но сите погледи на лекарскиот тим, стручниот штаб и фудбалерите на полувремето биле насочени кон Хамес Родригез.

Родригез во првиот дел имаше судир со противнички фудбалер, при што доби удар во глава. Па, според извештајот на лекарскиот тим на Баерн Минхен, на полувремето Хамес не можел да се сети буквално на ништо од тој натпревар. Не знаел ни кој е, ни каде е… Поради тоа Јуп Хајнкес бил принуден да го замени на полувремето.

По мечот Родригез веднаш е хоспитализиран, но согласно последните информации сега состојбата му е стабилизирана. Добил потрес на мозокот, поради што, според лекарите, имал нормална реакција. Неопходно му е неколкудневно мирување по што ќе може да се врати на тренинзите на тимот.

Се вчитува...