Затоа се број 1: Фановите во Дортмунд го наполнија стадионот – за да пеат божиќни песни

Навивачите на Борусија Дортмунд се познати во светот по „жолтиот ѕид“ и неверојатната поддршка што им ја даваат на своите миленици, но за време на празниците тие покажаа дека не им е потребен фудбал на теренот за да приредат шоу на трибините.

Имено, над 50.000 фанови се најдоа на трибините на стадионот во Дортмунд и заедно пееја божиќни песни, настан што традиционално се организира од страна на управата на Борусија. Во последните пет-шест години бројката не беше повисока од 25.000 фанови, но по извонредните игри на „милионерите“ во Дортмунд владее фудбалска еуфорија, што придонесе божиќното шоу годинава да прекрасне во вистински спектакл.

Се вчитува...