Заврши 55. Мавровски меморијал, победници Мартин Пенчев и Нанси Окоро

Мартин Пенчев во машка конкуренција и Нанси Окоро кај дамите, донесоа бугарска доминација на 55. Мавровски меморијал, традиционалната снежна манифестација, која денеска заврши во Маврово.

Во машката трка на 10 километри слободен стил, Јада го освои четвртото место со 53,7.секунди задоцнување зад победникот Мартин Пенчев од Бугарија. Вториот наш претставник, Дарко Крстевски се пласираше на претпоследното десетто место.

Во женската трка на 5 километри, Викторија Тодоровска, заврши на третата позиција со 34,1 секунда побавно време од Бугарката, Нанси Окоро, која стигна до втората победа. Втората наша нордијка, Ана Цветановска заврши како десетта, а последни во пласманот беа младите Викторија Јовановска и Анамарија Зафировска.

Мавровскиот меморијал, традиционално се одржува во чест на загинатите 38 градители и 18 спасувачи при изградбата на хидро-системот во Маврово во снежна лавина 1956 година.

Се вчитува...