Заврши бајката на Интер: Удинезе го шокираше лидерот во Серија А

Интер го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона, откако на „Џузепе Меаца“ изненадувачки загуби од Удинезе со 1-3. Тоа е прв пораз за лидерот на табелата во италијанскиот шампионат по одличниот старт на сезоната.

Ласања во 14.минута го најави изненадувањето на овој натпревар, но само две минути подоцна Мауро Икарди го израмни резултатот.

Сепак, вториот дел му припадна на Удинезе. Де Паул од пенал во 61.минута повторно донесе водство за гостите, а Барак во 77.минута го постави конечниот епилог на оваа средба.

Се вчитува...