Заврши договорот на Ангеловски, ФФМ одлучува околу нова соработка

Со натпреварот против Ерменија во Никозија заврши и договорот на македонскиот селектор Игор Ангеловски со Фудбалската федерација на Македонија.

Договорот на ФФМ со Ангеловски беше до крајот на годината, па со последниот натпревар од Ц-лигата завршена е официјално соработката.

Согласно најавите до крајот на актуелниот месец се очекува ново седнување на маса меѓу двете страни и, согласно условите, продолжување на соработката. Најавите се дека Ангеловски ќе ја води секако македонската репрезентација и на Европското првенство следната година.

Се вчитува...