Заврши карантинот – Роналдо од денеска на тренинзи со Јувентус

Кристијано Роналдо ја мина задолжителната самоизолација по враќањето од Португалија во Италија, по што големиот ас од денеска ќе се приклучи на тренинзите во комплексот на Јувентус.

Португалецот најпрвин ќе мора да ги мине задолжителните медицински тестови, по што ќе му се стави на располагање на тренерот Сари. Италијанските власти дозволија да се почне со тренинзи во мали групи, се со цел екипите да почнат со воигрување во пресрет на продолжението од сезоната.

Премиерот Конте објави нов акт, откажувајќи ги сите спортски настани до 14 јуни, со што станува невозможно Калчо-лигата да стартува на 13 јуни, па се очекува продолжението да биде одложено за седум дена.

Се вчитува...